На локалните избори за нови претставници на власта, предложени од владејачката партија во Северна Кореја, во неделата излегле на гласање 99.97 отсто од граѓаните, јавуваат севернокорејските медиуми, пренесуваат медиумите од светот.
– Сите гласачи излегоа на изборите со ентузијазам како би ја зацврстиле револуционерната моќ преку изборите за пратеници во локалните совети, изјавил претставник на властите за централната новинска агенција.
Помеѓу гласачите во главниот град на земјата, бил и лидерот Ким Јонг Ун кој ја презеде власта по смртта на неговиот татко во декември 2011 година. Тогаш, избрани беа 28.116 пратеници без ниеден глас против.
Локалните совети се собираат еднаш до два пати годишно за да го одобрат буџетот и да го поддржат лидерот, именуван од владејачката партија.
На минатите парламентарни избори, исто така излегоа на гласање идентични 99.97 отсто од гласачите.




