Најголема заинтересираност има за Град Скопје, пријавени дури 12 кандидати за градоначалници.
Државната изборна комисија објави список за кандидати за градоначалници, ден по истекот на рокот до кога можеа да се пријават во ДИК. Во списокот се впишани вкупно 297 кандидати за градоначалници на 80 општини и Град Скопје. Најмногу пријавено кандидати за градоначалници има за Град Скопје, дури 12.
За скопските градски и приградски општини, за Центар се пријавени седум кандидати за градоначалници, за Аеродром пет, за Бутел два, за Карпош шест, Кисела Вода шест, Гази Баба четири, Ѓорче Петров шест, Чаир пет, Арачиново три, Сарај четири, Шуто Оризар шест, Илинден четири, Петровец три, Сопиште два, Студеничани три и Чучер Сандево четири кандидати за градоначалник.
Од другите општини во земјава најмалку кандидатури за градоначалник, само две има во Маврово Ростуше.
ДИК сè уште ги обработува кандидатите за членови на советите во општините.
Локалните избори се закажани на 17 октомври.