Грчките банки почнаа да го лимитираат износот на пари којшто може да се подигне од банките откако стотици граѓани почнаа да повлекуваат депозити во пресрет на референдумот и од страв поради се поизвесниот банкрот, јавува „Блумберг“
Две од најголемите грчки банки денеска известуваат дека 500 банкомати во земјата веќе се без пари од утринава и дека некои од нивните филијали нема да бидат во можност да отворат во понеделник освен ако не добијат екстра пари за да ја одржат ликвидноста од Грчката централна банка. Портпаролот на Банката на Грција веќе извести дека прават напори да обезбедат дотур на средства во системот.
Некои од банките веќе поставија лимити на кеш средства коишто може да се повлечат на шалтерите и од банкоматите. Јиота Кардогиани од Пираеус Банк извести дека тие лимитот го поставиле на 3,000 евра за повлекување пари од шалтерите и 600 евра за повлекување пари од банкоматите. Алфа Банка постави лимит од 5,000 евра во речиси сите нејзини филијали.




