Политичарите од ЕУ вклучувајќи ја и еврокомесарката Виолета Булц ја повикаа Словенија да ги поддржи истополовите бракови, пред најавениот референдум закажан за 20 декември, кој би можел да го урне контроверзниот закон за брачна рамноправност.
Доколку Словенија ги поддржи геј браковите, ќе стане првата централноевропска, словенска и посткомунистчка земја која направила ваков чекор. Наспроти ова, повеќе од 10 земји од западна Европа веќе ги спроведуваат истополовите заедници.
На референдумот, чии гласови се очекува да бидат познати веднаш, всушност се гласа дали да се поддржи законот за признавање на истополови заедници, донесен во март годинава.
За да биде успешен, на референдумот мора да излезат најмалку 20 проценти од гласачите (или 343.104 луѓе). Најновото истражување на јавното мислење од ноември покажува прилично неизвесен исход – 40 проценти би гласале „за“, законот, додека 41 отсто „против“.




