Гласачите во швајцарскиот кантон Граубинден на референдум се изјаснија негативно по предлогот Сент Мориц и Давос да бидат домаќини на зимска Олимпијата во 2026 година. „Против“ Игри на Алпите заокружија 60,1 отсто од граѓаните со право на глас.
Идентичен исход имаше референдумот во истиот кантон и во 2013 година за Олимписки игри во 2022 година.
Швајцарскиот олимпискиот комитет во текот на нареднот месец ќе донесе одлука дали ќе поднесе кандидатура за ЗОИ 2026.
Одлуката на Интернационалниот олимписки комитет за домаќин на зимските Игри во 2026 година ќе биде донесена во 2019 година.