Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Референдум: „За“, „против“ и бојкот – кој за што ќе се определи

0
By Нова ТВ on August 8, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Мнозинството граѓани ќе излезат да гласаат на референдумот на 30 септември, за кој ДИК планира да потроши 169.770.000 денари.

Поддршка на референдумското прашање „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција“ би дале 41,5 проценти, а против се изјасниле 35,1 проценти, покажуваат резултатите од испитувањето на јавното мислење кое за МЦМС го спроведе агенцијата М-проспект во периодот од 24 јули до 1 август 2018 година.

Мнозинството анкетирани 66,4 отсто изјавиле дека ќе излезат да гласаат на референдумот, додека 19,8 отсто се веќе определени да се придружат на иницијативите за бојкот на референдумот. 11,9 проценти се уште немаат одлучено.

Според резултатите кај Македонците поддршка би дале 27,4 проценти, додека против би биле 45,2 проценти. Кај етничките Албанци „за“ би се изјасниле 88 проценти, а против 2,2 проценти.

Вчера на седница ДИК објави дека за спроведување на референдумот се планирани 169.770.000 денари. Претседателот на Комисијата Оливер Дерковски изјави дека тоа е намалување за 20 проценти во однос на средствата одобрени од Собранието на РМ во износ од 210 милиони денари.

– Планот не значи дека ова е дефинитивната бројка. Се надеваме дека по спроведување на тендерите ќе се изврши натамошно намалување на средствата со цел рационално трошење на парите од даночните обврзници, рече Дерковски.

Согласно планот, предвидени се и средства во износ од 80 милиони денари за надоместоци за изборните органи, односно за општинските изборни комисии и избирачките одбори во земјата, како и за избирачките одбори во дипломатско – конзуларните претставништва.

Дијаспората, како што беше објавено, ќе гласа на 29 септември. За таа цел изработена е апликација со која гласачите од дијаспората ќе можат да извршат увид во Избирачкиот список од 9 до 23 август. Секој граѓанин може да се пријави за гласање во абмасадите или електронски.

Во меѓувреме, Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕЕМ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Институтот за комуникациски студии (ИКС) го осудија начинот на кој Државната изборна комисија (ДИК) ги толкува последните измени и дополнувања на Изборниот законик во врска со медиумското претставување за референдумот за името.

ДИК, како што се наведува во нивното соопштение, нема законска надлежност да ги толкува законите, додека појаснувањето на Комисијата за медиумското претставување за референдумот е паушално, без законска основа и ги дискриминира учесниците на референдумот.

Кампањата за референдумот полека почнува. Вчера изјава со поддршка за референдумот даде пратеникот Павле Богоевски, дел од пратеничката група на СДСМ.

– Поддршка на овој Договорот и референдумското изјаснување, за иднината на Република Македонија е највисок патриотски чин. Затоа на 30 септември, храбро, масовно и достоинствено да кажеме да за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Преспанскиот договор, рече, меѓу другото Богоевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека до 10 септември ќе соопшти дали ќе го повика на бојкот членството, дали ќе гласа против или ќе го поддржи референдумот за името на 30 септември.

Посочи дека партијата летово има акција „Лето за Македонија“ и во нејзини рамки се консултира со многу граѓани на дневна основа, со членовите и раководството на партијата и општинските комитети.

– Впрочем кампањата за референдумот почнува на 10 септември. Дотогаш се надевам дека оваа акција ќе трае така што јавноста ќе биде информирана за сите чекори на ВМРО-ДПМНЕ, вели Мицкоски во интервју за Канал 5.

Дик референдум
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.