Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Референт од гевгелиската болница на чело на Државната видео лотарија

0
By Нова ТВ on January 30, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 30, 2018 15:28

Од 1-ви февруари на чело на Државната видео лотарија – Касинос Аустриа ДОО Скопје ќе застане новиот генерален директор, Костадин Каракабаков. Тој доаѓа на местото на досегашниот директор, Дане Кузмановски.

За Каракабаков менаџерската позиција во Државна видео лотарија е вистински џек пот. Тој на оваа примамлива функција доаѓа од болницата во Гевгелија, каде работи како одговорен референт за јавни набавки.

НОВА ТВ се обиде да стапи во контакт со Каракабаков, кој ги одбројува последните денови како вработен во гевгелиската болница, но тој не беше во својата канцеларија.

Кога го напишавме името на Каракабаков на пребарувачот „Гугл“ излезе постара објава од „Службен весник“ од 1999 година. Тој тогаш бил именуван за заменик член на Изборна комисија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Неодамна беше освежен и Надзорниот одбор на компанијата и таму сега се Реинхард Бернкоп од Виена – Австрија, Аднан Шариќ од Загреб- Хрватска, Нијази Мамуди од Чегране – Гостивар, Трајче Неделковски од Скопје и Катица Николовска – Прнаркова од Гевгелија, која во септември минатата година беше избрана за директор на Државната лотарија и таму е претседател на Управниот одбор.

Тајни газди од даночните раеви

Државна видеолотарија на Македонија – Касинос Аустриа ДОО Скопје е трговско друштво со ограничена одговорност за приредување игри на среќа, во заедничка сопственост на Државна Лотарија на Македонија и Касинос Аустриа Интернационал Македонија. Од формирањето, па се до денес Државната видео лотарија ја следат контроверзни одлуки, сомнително сопствеништво и бизнис тежок милиони евра.

Според истражувањето на НОВА ТВ од ноември 2016 година Аустриан Касинос Интернешнл ДОО победи на меѓународниот тендер објавен во јуни 2013 година како најдобар понудувач од страна на комисијата формирана од Државната Лотарија која е во целосна сопственост на Владата.

Одлуката беше објавена на прес конференција во владата во јануари 2014 кога тие информираа дека Државната видео лотарија заедно со фирмата победник, Аустриан Касинос Интернешнл ДОО, формираат јавно приватно партнерство во заедничка компанија наречена Државна видео лотарија.

Аустриан Касинос Интернешнл ДОО е формирана на 23 јули 2014 година или само десет дена пред формално да се затвори тендерот на којшто се бара потенцијалниот партнер на владата за јавно приватно партнерство.

Повеќе за истражувањето од ноември 2016 година на следниот линк 

Линк од сторијата објавена во мај 2014 на следниот линк 

Пред неколку месеци, во септември минатата година, измени во менаџерскиот состав имаше и во Државната лотарија на Македонија. Тогаш за генерален директор на Државната лотарија беше именувана Катица Николовска – Прнаркова, која претходно беше овластен сметководител.

 

Гевгелија Дане Кузмановски Државна Видео Лотарија Костадин Какакабаков
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 26, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

ВЕСТИ January 26, 2026

Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи…

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026

31-ви конгрес на СДСМ: Жестоки критики од Филипче за власта – Ја сведовте државата на последната дупка на Балканот – Европа не отпиша, Америка не нè запишува

January 24, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.