Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Реформа: Социјалната помош месечно ќе изнесува 11.700 денари

0
By Нова ТВ on September 18, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 18, 2018 15:15

Со реформите на системот за социјална и детска заштита, коишто започнуваат од почетокот на следната година се воведува минимален гарантиран износ на социјалната парична заштита, кој за повеќе од 70% од корисниците на социјалната помош е зголемување за над 300% или три пати повеќе од тоа што досега го добивале.

-Од почетокот на следната година, четиричлено домаќинство во социјален ризик со едно работно неспособно лице ќе има можност да добива месечен надоместок од 11.700 денари, изјави денеска премиерот Зоран Заев на денешната прес – конференција заедно со министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и министерот за финансии, Драган Тевдовски. 

Според Заев новиот систем на социјална и детска заштита ќе придонесе за извлекување на најранливите граѓани, но и на децата од сиромаштија. Реформата ќе подразбира и поддршка за комплетирање на образование на овие лица, со што тие ќе стекнат вештини и ќе бидат конкурентни на пазарот на трудот.

-Воведуваме европски стандарди на социјална заштита. Европа, почитувани значи солидарност и социјална правда. Колку повеќе се доближуваме до Европската Унија, поддршката за социјална заштита постојано расте. Европската социјална повелба ги гарантира социјалните и економските човекови права. Унијата вложува во унапредувањето на социјалните права и напорите тие да бидат рамноправно уживани од страна на сите граѓани – реформа на системот на социјална заштита, унапредување на социјалните услуги за граѓаните, интензивирање на борбата за справување со сиромаштијата и социјалната исклученост во државата, спречување на маргинализацијата од секаков вид, значително унапредување на правата и заштитата на работниците и поголема инволвираност во сите овие прашања на социјалните партнери и граѓанското општество, појасни Заев.

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска рече дека реформата целосно ќе ги преобрази системите на социјалната и детската заштита и во исто време ќе ги извлече од сиромаштија најранливите категории на граѓани.

-Инвестирањето во човечкиот развој има клучна улога во економскиот успех на нацијата. Во градењето на способна и продуктивна работна сила како и во минимизирање на социјалните проблеми. Затоа со оваа реформа не само што го зголемуваме надоместокот, туку истовремено вложуваме во преквалификација на лицата кои се невработени за да може да се активираат на пазарот на трудот. Секое дете ни е важно. Се грижиме за сите деца, и за децата на приматели на социјална помош и за децата во домаќинствата со ниски примања- за сите нив предвидуваме детски и образовни надоместоци, рече меѓу другото Царовска.

На денешната прес – конференција, министерот за финансии Драган Тевдовски, пак, истакна дека обврска на Владата на Република Македонија е да посвети значителен дел од државниот буџет за намалување на сиромаштијата на возрасните, но и на децата во земјата.

-За воведување на реформиран систем на социјална и детска заштита во 2019-тата година, потребно е да се обезбедат дополнителни 2,2 милијарди денари. Со зголемување на средствата за оваа намена сакаме да обезбедиме доволно за сиромашните граѓани. Со оваа промена ќе бидеме сигурни дека нема да има гладни деца во Македонија. Ќе има придобивки за приватниот сектор и за економијата. Тие ќе бидат многукратни, секако ќе се зголеми потрошувачката на граѓаните и тоа на најранливите групи на граѓани, рече Тевдовски.

реформа социјална заштита
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

ВЕСТИ May 1, 2026

Протест на Сојузот на синдикатите на Македонија под мотото „За плата се бориме, не се…

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

April 29, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.