Published: Saturday, March 5, 2022 19:17
Руските сили ја презедоа контролата врз психијатриската болница во градот Бородјанка, во областа Киев, со 670 лица, изјави денеска регионалниот гувернер Олексеј Кулеба за локалните медиуми.
Сега не знаеме како да ги евакуираме овие луѓе, како да им помогнеме. Им снема вода и лекови, рече Кулеба.
„Тоа се луѓе со одредени посебни потреби, им треба постојана помош. Многу од нив се врзани за кревет со години, појасни регионалниот гувернер.




