Во последните 24 часа се направени 3.839 тестирања, а регистрирани се 39 нови случаи на ковид-19:
Тетово – 14, Скопје – 12, Гостивар – 5, Куманово – 4, Кичево – 2, Битола и Валандово по 1.
Регистрирани сe 12 оздравени пациенти од: Тетово – 6, Скопје, Гостивар и Дебар по 2. Не се регистрирани починати пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 959.456 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.124 бројката на оздравени пациенти е 150.307, на починати е 5.491, а бројот на активни случаи изнесува 326.