Со стартот на новата учебна година со физичко присуство, регистрирани се и првите случаи на Ковид – 19 кај ученици. Две одделенија веќе се во изолација.

Во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром ученичка од петто одделение е позитивна на тест на Ковиди – 19. Поради ова, во 14-дневна изолација ќе оди целиот клас во ова училиште.

Две деца од деветто одделение во основно училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода појавиле симптоми на вирусот, а кај едно тестот на Ковид – 19 е позитивен. Поради ова, цело одделение е во самоизолација.