Во изминатото деноноќие на територијата на цела држава се регистрирани 559 прекршувања на мерката за носење на заштитна маска, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Од МВР истакнуваат и дека во последните 24 часа се издадени решенија за изолација за 860 лица, а 199 граѓани потпишале изјави за самоизолација.
Притоа се наведува дека полициски службеници извршиле контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што се утврдени две прекршувања на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот.