Рејчел Галовеј ќе биде новата амбасадорка на Велика Британија во Македонија.
Галовеј, на местото на досегашниот амбасадор Чарлс Гарет ќе стапи на функција во јули 2018 година.
Галовеј е претседавач на работната група „Машрак/Магреб“ која работи на заедничката надворешна политика на Европската Унија, а конкретниот фокус е соработка со државите од Блискиот Исток и земјите од Северна Африка.