Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Реконструкција на Влада: Единствено заминува Алаѓозовски

1
By Нова ТВ on May 22, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 22, 2018 08:52

Премиерот Зоран Заев вчера соопшти дека денеска до Собранието ќе ги достави предлозите за реконструкција на Владата.

Имињата на новите членови на Владата веќе се ,познати од јавноста и тие доажаат од редовите на новите коалициски партнери, Беса на Африм Гаши и ДПА на Мендух Тачи.

БЕСА на Гаши го номинира Асаф Адеми за нов министер за култура. Адеми е поранешен амбасадор во Данска како и кандидат за градоначалник на Гостивар од БЕСА.

Адеми во моментот е генерален директор на данска компанија.

ДПА ги предложи Бардиљ Даути, за министер без ресор задолжен за странски инвестиции, кој доаѓа на местото на Рамиз Мерко кој е избран за градоначалник на Струга и Митасин Бекири, како заменик министер за транспорт и врски.

Но освен што во Владата ќе влезат нови имиња, ќе има и рокади. Актуелната министерка за образование Рената Дескоска ќе биде прв човек во Министерството за правда, кое остана празно по оставката на Билен Салији. На чело на образование ќе биде предложен Арбер Адеми, актуелен заменик министер за образование, кој во 2016-2017 година беше вицепремиер за европски прашања.

Прашана како ги коментира шпекулациите за нејзиниот трансфер во Министерството за правда, Дескоска денеска изјави: „Мислам дека толку се интензивираа што веќе денеска не се ни на ниво на шпекулација“.

Таа најавува дека реформите во овој ресор ќе продолжат и понатаму.

-Без оглед кој и да е министер за образование и наука, тој ќе биде должен и мислам дека ќе има волја да ги спроведе реформите кои ги зацртавме. Јас не се откажувам од реформите бидејќи тоа се реформи на Владата. Не се лично мои или на било кој поединец. Како Влада ќе стоиме сите заедно и ќе даваме поддршка на реформите во сите области, вклучувајќи го и образованието, изјави вчера Дескоска.

На местото на Адеми, како што објави факултети.мк ќе биде предложен Петар Атанасов, кој во моментов е пратеник  и актуелен претседател на комисијата за образование, наука и спорт во Собранието.

Единствениот кој ја напушта Владата е министерот за култура Роберт Алаѓозовски, што предизвика реакции во фелата.

Уметниците од Асоцијацијата „Јадро“ вчера организираа собир пред зградата на ресорното Министерство, од каде порачаа дека реформите кои досега ги спровел Алаѓозовски се солидни.

Регионалната платформа за култура – Кооператива од Загреб, испрати отворено писмо до премиерот на Република Македонија, Зоран Заев во кое ја искажува својата загриженост и осуда на одлуката за смена на Алаѓозовски.

Кооператива е регионална мрежа на организации кои работат на полето на независна култура и современа уметност во Југоисточна Европа, која опфаќа 22 независни културни организации и 4 мрежи на организации од земјите во регионот: Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Косово, Македонија, Словенија и Србија, активни во сите области на современата културна и уметничка практика.

Од движењето БЕСА убедуваат  дека дека новиот министер ќе комуницира со сите засегнати страни. на ресорното министерство, од каде порачаа дека реформите кои досега ги спровел Алаѓозовски се солидни. Од движењето БЕСА убедуваат  дека дека новиот министер ќе комуницира со сите засегнати страни.

Алаѓозовски Дескоска Реконструкција Влада
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
August 1, 2026

Девет мртви – четири деца: Русија пак го нападна Кијив

ВЕСТИ August 1, 2026

Девет луѓе загинаа во нов ноќен напад со балистички ракети врз Киев, додека Русија ги…

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

July 29, 2026

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.