Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Реконструкцијата на Универзалната сала се очекува да биде завршена во 2026 година

0
By Marija Todorovska on February 21, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Почнаа градежните работи на објектот Универзална сала во Скопје. Реконструкцијата ќе се одвива во две фази и се очекува да биде завршена до 2026 година кога објектот треба да е подготвен за настани и да ги прими своите посетители. Во текот е првата фаза, односно реконструкција на кровот и на фасадата, а потоа продолжува техничката фаза и ентериер.

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска денеска пред Универзалната сала по повод отпочнување на активностите посочи дека Универзалната сала е архитектонски и културен симбол на Скопје.

-Министерството за култура презеде обврска во наредните три години непречено да го реализира проектот, затоа што има обезбедено финансиски средства и комплетна документација. Универзална сала има емотивна вредност и за скопјани и за публиката. Универзалната сала му недостига на Скопје, им недостига на уметниците и на културните работници, рече Костадиновска Стојчевска.

Според министерката, развојот на културата не може без еден ваков мултифункционален објект. Универзалната сала, како што рече, им припаѓа на уметниците, на културните дејци, а пред се на публиката.

-Затоа, нашата мисија е во наредните три години и овој простор да се уреди, како што му доликува на Скопје. Чест ми е но и голема одговорност целиот процес на реконструкција да се одвива професионално, стручно и посветено онака како што ние настојуваме да ја промовираме културата. Граѓаните не смееме да ги оставиме без својот дом, односно без Универзална сала, додаде Костадиновска Стојчевска.

Проектантот од „Мегарон инженеринг“, Бујар Муча изјави дека проектот е готов во сите свои фази уште од 2021 година, и сега е ставен на располагање на изведувачите.

-Среќата ја има мојот тим, затоа што после две години ќе продолжи да се реализира нешто за што навистина се вложивме и материјално и интелектурално. Најпрвин треба да се заврши она што е започнато, а тоа е првата фаза, односно реконструкцијата на кровот и на фасадата на објектот и потоа стандарната процедура, да се продолжи со она што се технички фази и интериер, рече Муча.

Во однос на сцената и просторот за публиката, Муча посочи дека тој ќе биде комплетно модернизиран, а бројот на седиштата ќе се намали заради новите прописи. Како што информираше, ќе има 300 седишта помалку заради противпожарни но и сите други архитектонски прописи.

-Кога ќе влезете во салата, ќе знаете дека влегувате во комплетно модернизирана Универзална сала, додаде Муча.

Прашан дали има уништување на просторот со оглед на тоа што Универзалната сала со години беше отворена, Муча посочи оти не верува дека има оштетувања кои би можеле да наштетат на она што веќе е изградено.

-Не верувам дека има такви оштетувања кои што би можеле да наштетат на она што е веќе изградено. Веројатно ќе се направи ревизија од стручни тела и тоа ќе се открие. Доколку постои потреба од одредена санација веројатно ќе се направи, но не верувам дека има сериозно оштетување, посочи Муча.

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски изјави дека со реконструкција на Универзалната сала конечно ќе се врати симболот на модерно Скопје.

-Она што беше почнато како процес пред повеќе месеци кога Градот Скопје одлучи да го предаде објектот на Министерството за култура со цел да се направи комплетна реконструкција, наскоро ќе добие и конкретен епилог. Конечно го враќаме симболот на модерно Скопје, на солидарно Скопје. Генерации скопјани израснале со настаните во Универзална сала и уште генерации и генерации ќе уживаат во годините кои доаѓаат во настаните коишто тука ќе се организираат, рече денеска Ковачевски пред Универзалната сала по повод отпочнување на градежните активности.

Тој потсети дека според договорот, Министерството за култура откако ќе ја финализира градбата ќе го предаде објектот на Град Скопје со целокупната пропратна документација во однос на изведувањето. Потоа, како што рече, сите права и обврски кои произлегуваат од сопственоста на салата ќе бидат предадени на Градот Скопје.

-Владата предводена од СДСМ во мојот мандат донесе одлука за одземање на ингеренциите над Универзална сала од Градот Скопје и истите ги префрли на Министерството за култура со што министерката за култура Костадиновска Стојчевска имаше повеќе овластувања да го потпише договорот со Градот Скопје за продолжување на реконструкција на Универзална сала. И министерката и службите во Министерството во рекорден рок ги завршија сите процедури и еве сме денес тука на чекор од овој долгогодишен сон на скопјани и исто така да истакнам благодарност до министерката и до нејзините колеги за вложениот труд којшто го направија во текот на изминатата година со цел овој процес на реконструкција да може повторно да отпочне, односно да продолжи, рече Ковачевски.

Инаку, за оваа година за реконструкцијата на Универзалната сала се обезбедени вкупно 120 милиони денари. За 2025 година се обезбедени 443 милиони денари и истата таа сума се предвидува и за во 2026 година.

Димитар Ковачевски Министерка за култрура реконструкција Универзална сала
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.