Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рекорд за едно деноноќие: Италија денеска регистрира нови 627 смртни случаи од Ковид-19

0
By Нова ТВ on March 20, 2020 ВЕСТИ
Фото: nypost.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Италија објави нови 627 смртни случаи на коронавирус што е рекорден број на починати лица на дневна основа во четиринеделната пандемија во земјата. Вкупниот број на починати на Апенините сега изнесува 4.032, а бројот на инфицирани достигна 47.021. Претходно, најголем број на жртви во еден ден, Италија регистрира во средата – 475.

Меѓу другите погодени земји, освен Кина каде се појави вирусот, е Иран со 1.433 смртни случаи и 19.644 заразени лица, Шпанија, со 1.002 смртни случаја и 19.980 заболени, Франција со 372 смртни случаја и 10.995 заболени и САД со 205 смртни случаи и 14.250 заболени.

В. Британија, пак, ќе ги затвори сите кафулиња, барови и ресторани, како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот во земјата. Истоверемено, Владата соопшти дека ќе покрие 8о отсто од платите на вработените во секторот.

Според извештајот на АФП, заснован на официјални извори, евидентирани се најмалку 10.316 смртни случаи од коронавирус од кои повеќе од пола (5.168) во Европа.

„Коронавирусот може да зарази или убие млади луѓе кои, исто така, мора да избегнат мешање за да не се пренесе болеста и кај повозрасните и поранливи луѓе“, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Тедрос Адханом Гебресезус, генерален директор на СЗО, на видео прес-конференција упати порака до младата популација.

„Денес имам порака за младите, вие не сте непобедливи, овој вирус може да ве стави во болница со недели, па дури и да ве убие. Дури и ако не се разболите, изборот што ќе го направите за тоа каде одите, може да биде разликата помеѓу животот и смртта за некој друг“, порача Тедрос Адханом.

„Во услови на недостиг на заштитни средства за здравствени работници и дијагностички тестови, „воздушни мостови“ ќе бидат потребни за да се достават добавки во земјите за виталните здравствени работници“, рече врвниот експерт за итни случаи на СЗО, д-р Мајк Рајан.

биланс Италија Коронавирус
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.