Бројот на мигранти и бегалци кои го поминале Медитеранот со цел да стигнат на европско тло, во првите шест месеци од годинава достигна рекордна бројка, објавува УНХЦР.
Како што се вели во извештајот, приближно 137.000 луѓе успеале во нивната борба, бегајќи од земјите во кои има војна или конфликти.
Токму поради овој факт тие се третираат како бегалци а не како мигранти кои бараат подобар живот во Европа.
Една третина од мажите, жените и децата кои стигнаа преку море до Италија или Грција се од Сирија. Останатите се најчесто од Авганистан или Еритреа.
– Додека Европа дебатира како најдобро да се справи со кризата на Медитеранот, мора да бидеме во едно јасни. Сите луѓе кои доаѓаат преку море во Европа, се бегалци кои бараат заштита од војните, изјави Антонио Гутерез, претставник на ОН.
Последнава бројка е за 83% поголема од истиот период минатата година, кога 75.000 луѓе пристигнаа во Европа барајќи подобар живот.




