Минатата учебна година евидентирани се 118 ученици кои ја повторувале годината, а во учебната 2021/2022 година, оваа бројка изнесува 261, пишува Мета.
Ако се погледнат бројките што ги објавува Државниот завод за статистика, се забележува дека годинава бројот на повторувачи е највисок, иако од година в година вкупниот број на ученици се намалува.
Во учебната 2017/2018 имало 187 ученици повторувачи, а во 2018/2019 – 194 повторувачи, во 2019/2020 – 260 повторувачи.