Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рекорден број жени во новата влада на Австралија

0
By НОВА ТВ Terziova on June 1, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новото федерално министерство на Австралија денес положи свечена заклетва, при што премиерот Ентони Албанез назначи рекорден број жени во разновидниот тим во кабинетот кој вклучува верски малцинства и домородните Абориџини, пренесува Ројтерс.

Вкупно 10 жени беа вклучени во 23-члениот кабинет на Албанез, надминувајќи ги седумте во претходната либерално-национална коалициска влада предводена од Скот Морисон.

Министерот за индустрија Ед Хусиќ и министерката за млади Ен Али станаа првите муслимански федерални министри на Австралија на церемонија во националниот главен град Канбера, додека Линда Барни, облечена во наметка од кожа од кенгур, стана првата жена Абориџина која ќе служи во министерството за домородните Австралијци.

Албанез формираше привремено министерство, во кое беа вклучени 4 други клучни членови, два дена по изборите на 21 мај, за да може да присуствува на состанокот на групата Квад во Токио, на кој присуствуваа американскиот претседател Џо Бајден и лидерите на Јапонија и Индија.

Заменик-премиерот Ричард Марлс – кој беше дел од привременото министерство заедно со Пени Вонг за надворешни работи, Џим Чалмерс како благајник и Кети Галагер во финансии – доби ресор за одбрана.

Дон Фарел е нов министер за трговија, а Тања Плибершек министерка за животна средина, додека Клер О’Нил ќе биде задолжена за внатрешни работи, а Крис Боуен ќе го води министерството за енергија.

Поранешниот лидер на лабуристите Бил Шортен ќе биде министер за владини служби.

Албанез во вторникот рече дека лабуристите ќе владеат самостојно, барајќи 77 места во долниот дом од вкупно 151, дозволувајќи им да формира мнозинска влада без поддршка од независните и Зелените фокусирани на климата.

Австралија Влада Свет федерално министерство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.