Стапката на невработеност во Шпанија е зголемена за рекордни 26 отсто, што значи дека во таа држава без работа се речиси шест милиони луѓе, соопштуваат од заводот за статистика во Мадрид.

Во текот на изминатата година без работа останале 697.700 луѓе, а 1.8 милиони домаќинства немаат ниту еден вработен.

Конзервативната Влада покрена реформи на финансиските пазари и пазарот на трудот и спроведе мерки за строго штедење вклучувајќи и намалување на платите и раст на даносите.