Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Реквием за еден сон (moral missing)

0
By Ана Василевска on December 4, 2023 КОЛУМНА
Ана Василевска
Ана Василевска
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 4, 2023 14:45

Пишува: АНА ВАСИЛЕВСКА

Црните хроники и утре ќе се полнат со вести за фемициди, силувања, тепачки, убиства, социјалните мрежи и натаму ќе бидат бесконечно поле за блуење на отров, лагите и бесмислиците пакосните коментари ќе бидат дел од медиумските објави. Ќе продолжи оној деструктивен наратив на обвинувања кон секого и сешто и секому во своја полза. До кога? 

Траорот што ни се вгнезди под кожа од објавата за исчезнатото 14-годишно девојче Вања Ѓорчевска, кулминираше во колективна болка синоќа по веста дека е пронајдена убиена. На секој од нас деновиве ни минаа низ глава безброј фатални сценарија но и оние најнадежни, треперејќи при секоја нова информација.  И денеска ги слушнавме деталите од МВР и ОЈО.

Со Вања вчера беше убиена и елементарна верба во човечкиот морал  а воскресна концептот за освета кон монструмите. Некои споменуваат и враќање на смртната казна за злосторниците. Дури и да се обиде човек комплетно емоционално да се дистанцира, онаа природна емпатија на секое здраворазумско битие не дозволува помирување со овој случај. Ако се сведе на голи факти, барем од оние со кои во моментов официјално располагаме, мотивот за убиството на Вања се пари. Толку едноставно, пари. Основната движечка сила во светот, парите за кои се војува, крволочно се убива, секојдневно се уништуваат милиони животи. Но, ова е глобална катастрофа на триумфот на злото и лукративниот материјализам, за која можеби до вчера верувавме дека е далеку од нас.

Според податоците на официјалната страница на Интерпол, нотификација со жолт аларм за исчезнати во моментов има за близу 10.000 лица во светот, меѓу нив речиси половина деца, на возраст од 0 до 21 година. Лицата се речиси од сите континенти и точки на планетава. Во објаснувањето на Интерпол како доминантен мотив за киднапирање на деца стои сексуална злоупотреба и експлоатација, трговија со луѓе, принудна работа: „ова се само дел од опасностите со кои се соочуваат децата ширум светот денес. Во ИНТЕРПОЛ работиме на решавање на оние злосторства кои имаат меѓународна димензија. За да помогнеме во трагањето на исчезнатите деца, издаваме жолти известувања, додека нашите експерти за трговија со луѓе работат заедно со земјите-членки за да ги спасат децата жртви на трговија со луѓе и принудна работа.“

Тие ја посочуваат сексуална злоупотреба и експлоатација како број еден за злоделата кон деца а како најолеснителен механизам за пристап на монструмите за каков било вид на злоупотреба на децата го акцентираа интернетот.

Што ќе сториме ние?

Трагедијата со Вања  е уште поголема бидејќи сплетот на криминални околности е бизарен, дотолку што логиката е исклучена. Неповратно е загубен еден млад живот, прекинати соништа со ладнокрвно повлекување на шкрапалото од оружјето на еден монструм. Тој што може физички да ликвидира човек е бездруго е некој чија душа е ампутирана. Молкот што го остава овој настан зад себе и истовремено илјадници прашања во секој од нас го обои овој понеделник во најцрн датум на кој некогаш сме сведочеле. И не дека злото, насилството не ни се дел од секојдневните вести , туку затоа што ова е прв случај налик на оние криминалистички серии во кои исчезнатите лица се бараат со застрашувачки аларм. Овој пат не е филм, не е кошмар од кој се разбудивме, не е среќно завршена акциона мистерија . Во суштината на се, останува тоа да очекуваме злосторниците да бидат изведени пред лицето на правдата и да им се суди според Закон.

Црните хроники и утре ќе се полнат со вести за фемициди, силувања, тепачки, убиства, социјалните мрежи и натаму ќе бидат бесконечно поле за блуење на отров, лагите и бесмислиците пакосните коментари ќе бидат дел од медиумските објави. Ќе продолжи оној деструктивен наратив на обвинувања кон секого и сешто и секому во своја полза. До кога?

Тоа што треба да не вкочани и преплаши до смрт се низата причини кои доведоа да живееме во токсично општество. Има многу, но една од нив бездруго е релативизирање на злото преку праксата на неказнивиост и уште пострашно киднапирање на есенцијалната човекова доблест-моралот. Не оној лажниот морал форматиран во догми и декларативни памфлети, туку вистинскиот исконски морал,

Ако пак отвориме дебата за ова лесно може да отиде во правец на лажно и празно морализирање. Тажно е што повторно границата може да ја повлече само Законот, а совеста и етиката се повеќе стануваат дефицит па дури и на нив се гледа со потсмев од страна на ордите „нелуѓе“ што не бираат ниту средства ниту начин да стигнат до целта. Газат и преку лешеви, како што видовме, убијци маскирани во „нормални идентитети“, патриоти, политичари, семејни луѓе.

Тоа што ние можеме и мораме да направиме е да почнеме да ја исправаме кривата патека, да не бегаме од суштината со банални заклучоци да ги лоцираме и да се спротиставиме на сите и најмали сигнали на злото, и најмногу од се да се вклучиме во потрага на исчезнатата човечност.

Реквиемот нека ечи денес, нека се исплачеме во име на невината душа на Вања но Амбер Алерт да закачиме во потрага за благородни и вистински вредности кои се единствен начин да се спротиставиме, да го превенираме и да го искорениме злото.

 

 

 

МВР Морални вредности Убиство на Вања
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 6, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

ВЕСТИ July 6, 2026

 Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот изрази оптимизам за напредокот кон завршување на војната во…

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.