Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Релаксирање на „полициски час“: Предлог од 19 часот до 5 часот наутро

0
By Нова ТВ on April 21, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Полицискиот час“ да почнува во 19 часот и да трае до пет часот наутро, истакна министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција. Предлогот за ново времетрање на ограничувањето на движење на граѓаните во работните денови, како што рече, ќе биде доставен до Владата.

Скратен „полициски час“, како дел од планот за релаксирање на мерките, е предложен и за деновите во викендот. Новата мерка би почнала во сабота во 13 часот и би завршила во пет часот наутро во понеделник. Со нив, потенцира Филипче, граѓаните ќе добијат плус часови, но ќе се намали и притисокот при набавка на неопходните намирници.

Филипче нагласи дека се планира и продолжување на времето за движење на граѓаните кои се повозрасни од 65 години. Па, наместо досегашните два часа, оваа категорија на лица во наредниот период би добиле дополнителни два, од 8 часот наутро до 12 напладне. За лицата, пак, на возраст до 18 години е предвидено да добијат час повеќе, па наместо од 13 часот до 15 часот како што беше досега, ќе може да се движат надвор од своите домови во работните денови до 16 часот.

Министерот за здравство изрази задоволство од начинот на кој се справуваат со ковид-19 во земјава што го образложи со линеарниот број на заболени се движи линеарно, па затоа и предлозите до Владата за скратување на т.н. „полициски час“.

Филипче притоа истакна дека забраната за социјална дистанца ќе остане на сила и потенцира дека луѓето ќе мора да носат заштитни маски во сите затворени простории, како банки, маркети, пошти, чекалници. Кога ќе се движат на отворено, не мора да се носи заштитна маска, освен кога нема да може да се одржи дистанцата од два метра, како на пример на пазарите.

Венко Филипче полициски час предлог
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.