Министерката за труд и социјална политика, Фросина Ременски, денеска на прес конференција повторно повика дополнителниот заменик министер Диме Спасов и директорот на Агенцијата за вработување, Владо Поповски, да поднесат оставка, поради злоупотреба на службената должност.

Ременски денеска праша, дали постоеле дупли картички за гориво, за четирите возила кои наводно му биле отстапени на министерот за труд и социјална политика, јавува репортерката на НОВА.

-Постојат осум картички за гориво, од кои четири се потпишувани од лица од Агенцијата за вработување и на нив се точело гориво од Пуцко петрол, како и на четири непознати лица од министертсвото за труд и социјална политика. Исто така, сакам да прашам како е возможно ако возилото е во сопственост на министерството за труд, регистрација и осигурување да прави Агенцијата за вработување, праша Ременски.

Таа најави дека утре ќе поднесе кривична пријава против Диме Спасов и Владо Поповски за злоупотреба на службена должност и ќе упати барање до државниот правопранител дополнително да ја испита ситуација.