Published: Tuesday, December 16, 2014 10:04
Репортери без граници соопштија дека годинава во светот биле убиени 66 новинари додека ја извршувале нивната работа.
Тоа е за 7 проценти помалку од минатата година. Но, посебно загрижува со какви опасности се соочуваат тие, како на пример обезглавувањето новинари во Сирија.
„Ретко кога новинарите биле убивани со такво варварско чувство на пропаганда што го шокира целиот свет“, оценува Организацијата.
Во меѓувреме е забележан раст на бројот на киднапирани новинари, 119, од кои 33 во Украина.
Најопасна земја за новинарите е Сирија каде што биле убиени 15 новинари. Следуваат палестинските територии, Украина и Ирак.




