Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Репортери без граници: Насилството врз новинарите во Србија достигна тажен рекорд, регистрирани се 34 напади за помалку од два месец

0
By Marija Todorovska on August 28, 2025 ВЕСТИ
Фото: Pixabay
Фото: Pixabay
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Насилството врз новинарите во Србија достигна тажен рекорд – 34 напади врз медиумски професионалци се регистрирани за помалку од два месеци додека известуваат за протести против корупција, соопштија „Репортери без граници“. Тие ја повикаа ЕУ  да реагира.

Членовите на ЕУ и Европскиот парламент беа повикани да испратат јасна порака до српските власти дека нивниот пасивен став и потенцијалното соучесништво во тие настани се некомпатибилни со целта за приклучување кон ЕУ.

Од 34 инциденти, 14 биле извршени од насилни поддржувачи на Српската напредна странка, а 20 напади биле извршени од страна на службеници за спроведување на законот, соопштија РБГ.
Се додава дека бројот на напади во изминатите два месеци ги надминува сите годишни вкупни бројки за насилство врз медиумски професионалци во Србија од 2020 година. Вкупно 65 случаи се регистрирани оваа година. Во просек, еден српски медиумски работник е физички нападнат на секои два дена, што е недозволиво, наведуваат од Репортери без граници.

Од Европскиот парламент и влијателните земји како Германија и Франција е побарано силно да го осудат рекордниот број напади врз српски новинари.

Српската влада мора да разбере дека таков неуспех е некомпатибилен со нејзината искажана амбиција да се приклучи кон ЕУ, се вели во соопштението. Новинарите трпат закани и напади со метални прачки, тули и камења од насилни политички поддржувачи, додека полицијата ги прска со солзавец. Во неколку наврати, полицијата не интервенираше за да ги заштити новинарите додека беа нападнати од насилни демонстранти, се тврди во соопштението, додавајќи дека нападите и заканите со смрт кон новинарите биле поттикнати од изјавите на српскиот претседател Александар Вучиќ и написите на провладините таблоиди.

Од декември има неосновани обвинувања дека демонстрантите и некои независни медиуми организираат „пуч“ финансиран од западните земји. На крајот на јуни, Вучиќ ги нарече телевизиските станици Н1 и Нова С „терористи“, се наведува во соопштението.

Се наведува дека Србија е рангирана на 96-то место од 180 земји според светскиот индекс на слобода на печатот за оваа година и дека го зазема претпоследното место во зоната ЕУ-Балкан.

Вучиќ ЕУ новинари Репортери без граници Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.