Published: Monday, December 19, 2016 13:56
Педесет и седум професионални новинари настрадале во текот на 2016 година, а речиси четвртина се убиени со немар. Соопшти денеска органзиацијата Репортери без граници.
Најголем број од новинарите настрадале во зоните на судири и тоа 19 во Сирија, десет во Авганистан, девет во Мексико, седум во Ирак и пет во Јемен.
Организацијата укажува дека на листата на убиени новинари е наведено дека оваа година настрадале и деветина блогери и осуммина независни новинари.
Минатата година, според податоците на Репортери без граници, настрадаа 67 новинари во светот.




