Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(РЕПРИНТ) Блуз банкрот божиќна честитка и Титаник

0
By Ана Василевска on January 7, 2023 КОЛУМНА
Елиот Сонтот, дигитална слика, Титаник
Елиот Сонтот, дигитална слика, Титаник
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, January 7, 2023 12:37

Пишува: АНА ВАСИЛЕВСКА

Ана Василевска
Ана Василевска

За да бидеш среќен во животот, треба да имаш добро здравје и лоша меморија, рекла Ингрид Бергман. Не можам да се пофалам ниту со првото, а особено со второто, иако овој рецепт за среќа на филмската дива ми се чини прилично добар.

Кој знае што се ви мина низ умот во најлудата ноќ и следниот ден кога мамурлакот го лекувавте со честитки, подароци, виенскиот концерт и сармата? И токму затоа што тешко заборавам, ама баш на секои новогодишни празници ми текнува една апсурдна блуз-приказна во која главниот актер е еден мој предок.

Како и многу негови сонародници во раните 30-тите години на минатиот век, кога Американците ја откриле прохибицијата, корупцијата, девојките се забавувале во чарлстон ритамот, мојот прадедо заминал преку Големата бара, на гурбет во Чикаго.

На младата животна сопатничка и трите мали чеда им ветил дека ќе се врати за некој Божик. Минувале годините, а за Божик стигнувале долари, писмо и подароци. Така со години.

Таман тој пишал дека ќе дојде, уличните звона на чикашките улици објавиле банкрот на неколку пирамидални штедилници, меѓу кои и онаа на несреќниот прадедо. Му се случил на човекот ТАТ, и тука знаеме дека нема помош, некој колега на Ал Капоне си го зел данокот на глупоста на наивните штедачи. Немал кутриот тој ниту за бродски билет, а камоли да се појави пред своите без скршена пара. И решил да поработи уште некоја година.

Останал уште пет години, парите во џеб, и нашава чикашка група Македонци цврсто решила да се врати дома за Божик 1939 г. Ај што го одбрале најлошото време за враќање во Европа, туку понесени од радоста, приближувајќи се кон пристаништето во Ливерпул од каде што ги чекал некој друг транспорт, во сета носталгична екстаза, ги кинеле личните документи (пасош) и ги фрлале во немирниот океан.  – Што ќе ни се документи кога се враќаме во родната земја, суровиот континент е далеку зад нас, уште малку и ке бидеме мегу своите !!!-, извикувале тие, лишени од елементарна прагматичност.

Јасно ви е дека на Англичаните не им се верувало кога тие пристигнале без никаков документ за идентификација. Сигурно се сетиле на Индијанците, или така нешто, па по неколку дена натегнување ги пуштиле да заминат во само за ова племе познат правец. Таман кога сите надежи на жената и на децата ги завеал пелистерскиот снег, еве ти го тој за Василица, дома. На радоста и немало крај, барем така кажува баба ми. Со заштедата си купил дуќан. Не успеал ниту да го разработи, кога му го узурпирале бугарските фашистички тутори, а тој заминал во планина.

Па добро, војна како војна. Го истуркал и тоа, ама по ослободувањето, вербата во Бога како и приватната сопственост била прогласена за ерес, дуќанот бил национализиран. Е тука, стариот не издржал, му пукнало срцето, баш за зимските празници. Нормално, бидејки наследнициве ги носат неговите гени, ги затуриле или скинале тапиите, па до денационализација на неговиот “живот” не дојде никогаш.
Чудна одисеја, но такво било времето, херојско и лузерско. Ве потсетува на нешто?
Е па, колку да ви кажам дека нашиот народ познава и многу полоша историја, па дочекајте ги преостанативе празници, ако ви е волја заборавете на сите потпишани и непотпишани документи, на рационалното и секојдневното калкулирње, уживајте во правото да бидете вистинските Вие-слободата е само врел пиштол ( Happiness is a warm gun The Beatles).

П.С: Кога заминував на новогодишен пречек, на мојот кат се отвори вратата од лифтот и излезе човек со торба кој ме замоли да почекам бидејќи не е сигурен дали е на бараниот кат. Го почекав, ѕвонеше на една од соседните врати, му отвори средовечна жена со блескава насмевка која очигледно возбудена за да ги сокрие солзите, успеа да проговори само еден збор – Стигна?!. Се прегрнаа, а тој ми се заблагодари што почекав и ми посака убава ноќ. Тој еден и единствен збор „стигна“, содржеше се.

А, ви текнува ли на онаа преубава зимска ѕвездена ноќ, кога се роди И.?Сепак, убави се спомените и по цена на среќата.

Објавено во Форум 4 јануари 2008 година

 

Божиќ Божиќна честитка колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.