Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Република Северна Македонија – Претседателски избори 2024

0
By Marija Todorovska on March 30, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 30, 2024 09:15

Во блиц формат НОВА ги претставува кандидатите за претседател на Република Северна Македонија на изборите 2024.

На листата пријавени и утврдени кандидатки и кандидати во Државната изборна комисија, а според редоследот со жрепка извлечен во ДИК, во седум последователни дневни продолжувања НОВА ги презентира: 

  1. Стево Пендаровски;
  2. Гордана Силјановска Давкова;
  3. Стевчо Јакимовски;
  4. Бујар Османи;
  5.  Билјана Ванковска Цветковска;
  6. Арбен Таравари;
  7. Максим Димитриевски.

Република Северна Македонија – Претседателски избори 2024

1. Стево Пендаровски:

Универзитетски професор, промоторо за НАТО и ЕУ, борец за владеење на правото, политичка философија во духот стилот „се` во име на граѓаните“, љубител на уметноста, хуманист …

Актуелниот претседател на државата, Стево Пендаровски, повторно влегува во трката за шеф на државата како независен кандидат подржан од на СДСМ и коалицијата.   

Пендаровски е петтиот шеф на државата. На првиот мандат беше …. избран во 2019-та година. 

Во неговото досегашно претседателување нагласено покажува дека ги споделува западните вредности, се залагаше са НАТО, за европскиот пат на земјата, ги застапува интересите на сите граѓани и има нагласена визија за демократија и за еднакво владеење на правото. 

Во неколку наврати неговите ставови и одлуки не беа идентични со оние на партијата што го кандидираше и со што остави впечаток на политичар независен и со интегритет. 

Почитувач е на граѓанскиот концепт, на културните разноликости, на плуралните вредности.

За време на својот прв претседателски мандат со државни одличја одликуваше повеќемина македонски уметници. 

ОБРАЗОВАНИЕ

Стево Пендаровски е роден на 3. април 1963 година во Скопје. Дипломирал во 1987 година на Факултетот за правни и политички науки, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, а магистрирал и докторирал на Институтот за социолошки и политички правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ

Бил професор на Универзитетот „Американ колеџ“ – Скопје, каде што ги предавал предметите Меѓународна безбедност, Меѓународни односи, Вовед во политика, Глобализација, Геополитика, Надворешната политика на САД, Надворешната и безбедносна политика на ЕУ и Малите држави во светската политика.

Во периодот 1998-2001 година бил началник на Управата за аналитика и истражување во Министерството за внатрешни работи и портпарол на Министерството.

Од 2001 до 2004 година е советник за национална безбедност на претседателот на Република Македонија. Од 2004 до 2005 година е претседател на Државната изборна комисија. Од 2005 до 2009 година е советник за надворешна политика на претседателот на Република Македонија. Од 2016 до 2017 година е пратеник во Собранието на Република Македонија. Од ноември 2017 година Пендаровски е назначен за национален координатор за НАТО.

Пендаровски беше кандидат за претседател на државата на претседателските избори во 2014 година, а минатите претседателски избори беше избран за кандидат за претседател од страна на СДСМ и Коалицијата и победи и во двата изборни круга пред своите противкандидати Гордана Силјановска-Давкова и Блерим Река.

Пендаровски во вториот круг од претседателските избори освои 436.212 гласа, или 51,66 отсто од гласовите на граѓаните кои излегоа на гласање.

Пендаровски е сопруг и татко на едно дете. Сопругата Елизабета често беше вклучена во најразлични општествени активности како промотор на хуманиот активизам. 

 

Избори 2024 Стево Пендаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026
shortcut
ФОКУС
August 4, 2026

Украинците за прв пат користат роботи во борба: ги спуштија зад руските линии со дрон

ВЕСТИ August 4, 2026

Украина отвори ново поглавје во развојот на модерното војување со спроведување на првата позната борбена…

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

August 1, 2026

Девет мртви – четири деца: Русија пак го нападна Кијив

August 1, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

July 29, 2026
ТИКЕР

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.