Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Република Северна Македонија – Претседателски избори 2024

0
By Marija Todorovska on March 31, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, March 31, 2024 09:15

Во блиц формат НОВА ги претставува кандидатите за претседател на Република Северна Македонија на изборите 2024.

На листата пријавени и утврдени кандидатки и кандидати во Државната изборна комисија, а според редоследот со жрепка извлечен во ДИК, во седум последователни дневни продолжувања НОВА ги презентира: 

  1. Стево Пендаровски;
  2. Гордана Силјановска Давкова;
  3. Стевчо Јакимовски;
  4. Бујар Османи;
  5.  Билјана Ванковска Цветковска;
  6. Арбен Таравари;
  7. Максим Димитриевски. 

Република Северна Македонија – Претседателски избори 2024

2. Гордана Силјановска Давкова: 

 

Нејзин втор обид последователен обид зашеф на државата. На годинешниве избори е една од двете жени кандидатки на претстојните избори. 

Гордана Силјановска Давкова, е актуелна непартиска пратеничка но е член на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и, како и на претходните претседателски избори пред пет години кога не успеа да го добие мандатот и на годинешниве е подржана од партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Таа е универзитетски наставник, професорка е на правниот факултет при УКИМК, експерт е за локална самоуправа, уставно и меѓународно право. Поранешна министерка во една од коалициските влади на СДСМ. Не секогаш прецизна во своите политички ставови. Се залага за НАТО и ЕУ но е против договорите со Грција и со  Бугарија кои го овозможуваат членството и не артикулирала јасен став и проекција за тоа во кој правец и со која интеграциска динамика треба да се движи државата.

Преспанскиот договор што на земјава и обезбеди членство во Алијансата за неа декларативно е неприфатлив но се кандидира за претседателка на државата уставно именувана со Република Северна Македонија. 

ОБРАЗОВАНИЕ

Силјановска-Давкова е родена на 11 мај 1953 во Охрид. Основно и средно образование завршила во Скопје (1973). Дипломирала на Правниот факултет во Скопје (1978), каде што и магистрирала. Докторирала пред комисија предводена од проф. Франц Град со „Cum laude“ на Правниот факултет во Љубљана, на тема „Local Selfgovernment – between Norms and Reality“ во 1994.

ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ

Силјановска беше и министер без ресор од 1992 до 1994 година во првата влада која како премиер ја предводеше Бранко Црвенковски. Година претходно била и член на Уставната комисија на Собранието на Република Македонија. 

Основач е на првиот Совет на европско движење во Македонија. Во периодот од 2012 до 2016 беше член на Веницијанската комисија за малцински прашања. Денес е редовен професор на правниот факултет во Скопје, во Институтот за правни и политички науки. Автор е на над двесте научни трудови од повеќе правни области и е член на повеќе домашни и меѓународни институти и правни асоцијации.

Гордана Силјановска Давкова е сопруга и мајка на две деца. 

 

Гордана Силјановска-Давкова
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.