Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Република Северна Македонија – Претседателски избори 2024

0
By Marija Todorovska on April 2, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 2, 2024 09:15

Во блиц формат НОВА ги претставува кандидатите за претседател на Република Северна Македонија на изборите 2024.

На листата пријавени и утврдени кандидатки и кандидати во Државната изборна комисија, а според редоследот со жрепка извлечен во ДИК, во седум последователни дневни продолжувања НОВА ги презентира: 

  1. Стево Пендаровски;
  2. Гордана Силјановска Давкова;
  3. Стевчо Јакимовски;
  4. Бујар Османи;
  5. Билјана Ванковска Цветковска;
  6. Арбен Таравари;
  7. Максим Димитриевски.

    Република Северна Македонија – Претседателски избори 2024

4.Бујар Османи: 

Порачува дека сака да биде првиот консензуално избран претседател Албанец, Русија ја смета за голема закана на Западниот Балкан, посветен е на ЕУ интеграциите.

Тој е ден од двајцата доктори по професија во претседателската трка. Бујар Османи е актуелен министер за надворешни работи.

Во ова предизборие го афирмира барањето на својата политичка партија ДУИ за по овие избори, наредниот претседател на Република Северна Македонија наместо на непосредни граѓански, да се избира во собранието од страна на пратениците. Сепак, знае да каже дека и покрај ваквото условување од страна на ДУИ, неговата политичка партија не била и нема да биде политички дестабилизатор на државата.

Неговиот главен мотив да се кандидира за претседател е да биде првиот консензуално избран претседател на државата кој нема да генерира политички и етнички поделби.  Во надворешната политика Русија ја смета за една од најголемите закани по мирот во Европа и е посветен поддржувач на украинската борба против руската агресија.

ОБРАЗОВАНИЕ

Завршил средно образование во  ДМУЦ „Д-р Панче Караѓозов“ во Скопје во периодот 1997-2004. Дипломира на Медицинскиот факултет во Скопје во 2004 година. Дел од својата специјализација ја завршува во Лондон, Обединетото Кралство во периодот 2006-2007 година, додека од 2012 година се стекнува со звање специјалист хирург. Од 2014 е докторант на Школата за докторски студии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде докторира во јули 2018 година.

ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ

Своето работно искуство го започнал во 2004 година како доктор на медицина на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Во 2008 година е назначен како министер за здравство на Република Македонија и таа функција ја извршува се до 2011 година. 

Османи беше постојан член и на Владиниот кризен штаб за справување со КОВИД-19, а во првата половина од 2020 година, беше назначен за Главен координатор на локалните кризни штабови и Кризниот штаб на Градот Скопје. На 30 август 2020 година, Бујар Османи е избран за Министер за надворешни работи на Република Северна Македонија

Од 2011 година е Специјалист хирург во Универзитетска Клиника за  Дигестивна хирургија во Скопје. Во 2истата година е назначен за Секретар за комуникација со јавност при претседателството на Демократската Унија за Интеграција. 

Од јуни 2017 година е именуван за Заменик претседател на Влада задолжен за европски прашања. 

Во текот на овој мандат Република Северна Македонија оствари одреден напредок во европските интеграции и тоа во процесот на Стабилизација и асоцијација земјата премина во втора фаза. Република Северна Македонија стана членка на Јадранско-јонската инцијатива, а како клучна придобивка претставува одлуката за почеток на преговорите со Европската Унија. 

Како предводник на Секретаријатот за европски прашања, Османи воедно ја извршуваше и функцијата Национален координатор за распределба на странска помош и ИПА фондови во земјата. Од јули 2018 година е назначен за Шеф на државната делегација и Главен преговарач со Европската Унија, под чија палка беше започнат, се водеше, и успешно беше завршен процесот на објаснувачки скрининг со Европската Унија. 

Како министер за надворешни работи на Република Северна Македонија беше главниот организатор и домаќин и на годинешната конференција на ОБСЕ во Скопје.

Бујар Османи е роден на 11-ти Септември 1979 во Скопје, оженет е и е татко на две деца.

 

Бујар Османи Избори 2024
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.