Републиканците со освоени 52 сенаторски места добија мнозинство во двата претставничка дома, Конгресот и Сенатот.
Со овие резултати се остваруваат предвидувањата на аналитичарите дека овие избори ќе бидат „референдум“ за мандатот на претседателот Барак Обама, којшто во моментов има најнизок рејтинг од своето управување.
Републиканците освоија сенаторки места во Арканзас, Колорадо, Ајова, Монтана, Северна Каролина, Јужна Дакота и Западна Вирџинија, места кои досега припаѓаа на демократите.
Републикаците со тоа обезбедија најмалку 52 гласа од 100-члениот Сенат.
Резултатите од изборите значат дека новиот состав на Конгресот од јануари ќе биде под целосна контрола на републиканците, кои ќе ги предводат сите одбори во двата дома на Конгресот и ќе ја одредуваат законодавната агенда.
Републиканците однесоа победа во изборната трка за гувернер на Флорида и во Висконсин, каде демократите беа убедени дека ќе му зададат удар на противникот.




