Републиканскиот сенатор Џон Макејн има рак во главата, соопшти тој вчера.

Макејн има 80 години, тој е сенатор на Аризона и е поранешен воен пилот и претседателски кандидат во 2008 година. За време на една операција за отстранување на затнат крвен сад над левото око лекарите констатираа дека тој има малигнен тумор, глиобластом, кој ќе треба да се лекува со хемио или радиотерапија, соопшти клиниката Мајо од Феникс, Аризона.

Сенаторот веќе се бореше со оваа болест. Во 1990 година и во 2000 година имал меланом, рак на кожата, што успеал да го победи.

Барак Обама прв реагираше на оваа вест:

“Џон Макејн е американски херој и еден од најхрабрите борци што ги познавам. Ракот не знае со кого има работа. Џон, направи му пекол на ракот”, порача на Твитер поранешниот претседател.

Доналд Трамп преку соопштение порача дека Макејн “секогаш бил борец”:

“Меланија и ги испраќаме нашите мисли и молитви до сенаторот Макејн, Синди и целото семејство.”

Макејн влезе во политиката во 1982 година како млад пензиониран воен пилот. Бил воен затвореник во Виетнам во раните седумдесети години и минал повеќе години во виетнамските затвори каде што бил ставен на тортура. Тој и денес носи последици од тоа време на една рака.

Потоа тој редовно ги добива гласовите за да ја претставува Аризона во Сенатот на САД каде е еден од навлијателните политичари кои се занимаваат во одбраната и надворешната политика.

Во моментов тој претседава со Комисијата за одбрана во Сенатот. Сенаторот често имал ставовите различни од партиските и со тоа ги иритирал колегите од партијата. И покрај неговите 80 години, сенаторот не престана да го обиколува светот и да ги посетува “жешките” точки на планетата. Неговото лице е познато и кај нас но и во Иран, Украина или Авганистан.

Тој во април го посети Балканот но не дојде во Македонија поради пикот на кризата во тоа време.

Макејн беше еден од најголемите поддржувачи на војната во Ирак во 2003 година но и голем противник на политиката на Владимир Путин. Неговите критики упатени кон Москва го доведоа на руската “црна листа” на Американци на кои им е забрането да патуваат во Русија. На оваа вест Макејн иронично изјави: “Ова веројатно значи дека ќе морам да го одложам мојот пролетен одмор во Сибир”.

Во 2008 година тој му беше противник на Барак Обама во претседателските избори. А по изборите во 2016 година и доаѓањето на Трамп во Белата куќа, односите помеѓу Макејн и новиот претседател беа напнати особено околу руското влијание во американските избори. Како кандидат Трамп го стави под прашање неговиот статус на херој.

Политички отсуството на Макејн претставува проблем за републиканското мнозинств кои минува од 52 на 51 пратеник од вкупно 100. Во членовите на Конгресот мораат да гласаат лично.