Републиканците и формално го номинираа бизнис могулот Доналд Трамп за нивен претседателски кандидат и покрај несогласувањата во партијата за неговата способност на таа функција.
„Заедно постигнавме историски резултат со рекордни гласови во историјата на Републиканската партија. Ова е движење, но ни треба уште многу за да го минеме целиот пат“, изјави Трамп во видео пораката до делегатите на партиската конвенција во Кливленд, Охајо.
На конвенцијата, на која сите сојузни држави го соопштуваат бројот на делегати кои го поддржуваат Трамп, мнозинството плус еден глас му го обезбеди неговата матична држава Њујорк.
На Конвенцијата во Кливленд победата на Трамп не била со големо воодушевување прифатена- многу од делегатите само куртоазно му ракоплескале на Трамп, додека имало и такви кои предвреме ја напуштиле салата, а некои отворено го искажале своето незадоволство.
Трамп на 8 ноември годинава, се очекува да се соочи со својот ривал од Демократската партија, Хилари Клинтон, како единствен кандидат на партиската конвенција во идната недела во Филаделфија.
Прв ден на Конценцијата на Републиканците
Говор на Доналд Трумп Џр.




