Републиканците во американскиот Претставнички дом предложија резолуција со која се бара САД целосно да се повлечат од ОН и светската организација да го премести седиштето од Њујорк.
Во Резолуцијата на која како подносител стои името на Мајк Роџерс, уште се бара запирање на сите активности на САД во Светската здравствена организација.
Роџерс и другите републиканци повеќепати досега истакнуваа дека американските даночни обврзници не треба да плаќаат организација која не ги промовира интересите на САД.
– Претседателот ќе стави крај на секое членство на САД во ОН, во секој орган, агенција, комисија или некое друго тело на ОН. Мисијата на САД во ОН се затвора, пишува во Резолуцијата.
Резолуцијата која е предложена на 3 јануари не помина славно низ медиуимите и во јавноста, а доколку сепак биде усвоена, ќе бидат потребни две години за нејзино спроведување.
Роџерс се обиде слична резолуција да протурка и во 2015 година, но не успеа.
Вчера Трамп потпиша извршна наредба за повлекување на САД од Транспацифичкиот договор за трговија во кој се вклучени 12 земји, забрана за финансирање на невладини организации кои поддржуваат абортус, забрана за вработувања во јавната администрација.




