Републиканското мнозинство во САД ја откри во понеделникот реформата на здравствениот систем.
Овој систем наречен Obamacare им дозволи на 20 милиони Американци да добијат здравствена заштита.
Во текот на изборната кампања Доналд Трамп вети дека ќе го укине овој систем кој според Републиканците е скап.
“Време е да се сврти страната и да се спаси нашиот здравствен систем од овој лош закон”, изјавија Републиканците.
Проектот што беше објавен вчера и ќе биде предмет на повеќемесечна дебата во САД, ја укинува обврската да се има здравствено осигурување и со тоа федералната држава се ослободува од оваа обврска.
Сепак, текстот на Трамп содржи два од клучните елементи на Obamacare: можност за децата да останат на осигурувањето на нивните родители до 26 години и забрана за осигурителите да ги дискриминираат пациентите според нивната медицинска историја.
Оваа либерализација без соменение ќе заштеди пари за федералната држава како што велат Републиканците. Според нив, цената на осигурувањето ќе биде пониска и со тоа попристапна до Американците.
Републиканците исто така ветуваа дека новата реформа нема да им го одземе осигурувањето на сите Американци кои благодарение на Obamacare успеале да добијат здравствено осигурување.




