Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ревизорски извештај- Арачиново,Сарај,Студеничани и Кичево не информираат за услугите

0
By Mirjana on July 6, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Квалитетот на услуги кои ги обезбедуваат единиците на локалната самоуправа (ЕЛС), не обезбедува ефективна и брза услуга за граѓаните, ниту пак еднаков третман, пристап и достапност за секој граѓанин и правно лице.

Ова стои во конечниот извештај на Државниот завод за ревизија а во кој се анализирале квалитетот на постојните услуги кои ги даваат ЕЛС преку своите веб-портали за периодот 2016/2020 година.

„Достапноста на е-услугите преку интернет со примена на стандардите за веб-пристапност на е‐услугите се уште не е на задоволително ниво. Движењето низ веб-порталите и обезбедувањето е-услуги, како и достапноста до информациите, упатствата и формуларите за одредена услуга не се унифицирани за сите ЕЛС, а проблематично е и пребарувањето на веб-содржините“,  утврдиле ревизорите.

На прашањата да ги објават податоците за услугите што општината им ги дава на граѓаните преку своите веб-портали , не се одзвале само Арачиново, Сарај, Студеничани и Кичево.

Ревизорите утврдиле дека 38 ЕЛС (49,3 отсто) немаат наведено на своите веб- портали информации за услугите што им ги обезбедуваат на граѓаните и правните лица, две ЕЛС (2,6 отсто) имаат недостапни веб-портали, 36 ЕЛС (46,8 отсто) немаат објавени формулари за услугите кои ги обезбедуваат, 39 ЕЛС (50,6 оттсо) немаат објавено информации кои се однесуваат на административните такси за услугите, 23 ЕЛС (29,8 отсто) на своите веб-портали немаат воспоставена можност за електронско пријавување проблем при обезбедувањето на јавните услуги.

Стратегија за локален економски развој немаат изготвено 35 ЕЛС (45,4 отсто), а дури 71 ЕЛС (92,2 отсто) немаат изготвено Стратегија за развој на информацискиот систем и употреба на информатичката технологија. Стратегијата за локален економски развој на својот веб-портал, пак, не ја објавиле 54 ЕЛС (70,1).

Во најголемиот дел од општините, ревизорите констатирале недоволни човечки и материјални ресурси, потребни за воспоставување е-услуги.

 

ЗЕЛС ревизоски извештај услуги
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.