Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Револуции

0
By Biljana on May 26, 2021 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 26, 2021 09:36

Автор: Емил Димитриев

За релативно краток период во Македонија на општествен план се случија многу турбулентни процеси, се одиграа многу драми, со различен жарн, од комедии до трагедии. Една состојба како константа се провлекува секогаш, а тоа е најавата дека следуваат „револуционерни“ промени. Сметам дека таквата состојба е изнасилена, неиздржана  во периоди и крајно лукративна. Единствена покрупна работа која и се случила на нашата земја во годините на независноста, а која е близу до некоја голема и суштинска промена, да не кажам револуционерна, е прогласувањето на независноста. Иако и таа од формален и од суштински аспект беше очекувана.

Покрај ова, вредни за нотирање  се две постигнувања во овие триесет години, кои имаат важна улога за нас. Тоа се странските инвестиции кои ја држат нашата економија и влезот во НАТО (го плативме со цена како ниту една негова членка), кој е силна политичко безбедносна гаранција. Сите останати т.н. промени, нови сили и енергии беа со ограничен капацитет и релативно краток рок. Имаше разлики во владеењата, тоа го крепат бројките како аргумент, но далеку сме од нешто кое поексплицитно ќе не одлепи од оваа состојба во која се наоѓаме. Време е политичките елити да  изградат нов пристап во комуникацијата со граѓаните т.е. електоратот од повеќе причини. Прво, да бидеме реални, со чест на многу малку исклучоци не сме дел од земјите кои го креираат техничко технолошкиот развој, туку сме негови корисници.

Второ, многу зад нас се времињата кај што можело за пократок период да се случат поголеми трансформации. Денешниве предизвици бараат многу знаење, посветеност и време за нивна реализација.

Трето, замените на цели структури кои управуваат со државата или партијата не значи дека по дифолт ќе донесе поквалитетни промени. Напротив се почесто ќе сретнете луѓе кои на минатото гледаат како на нешто подобро. За да видиме колку е излитена пораката за револуционерни промени, најдобро говори една состојба која во развиениот свет се вика научени лекции. Целото знаење на човештвото се потпира на минатото искуство кое како ништо друго учи како треба или како не треба. Кога се немат во предвид овие лекции, новите  „револуционери “ се стават во ситуација секогаш да започнуват од почеток, да се повторуваат истите грешки и да имаме слични резултати. Следува тапкање во место во најдобра варијанта, чекорење на бавни и кратки чекори.

Каде го гледам решението од ваквата ситуација ? Ако сите согледаме дека не се можни „квантни скокови“ со ваква политичка матрица, ќар е да си го признаеме тоа и да креираме друг понормален пристап. За почеток треба да започне со релаксација на политичката тензија, гледање на фактите со отворени очи, максимално објективно и самокритично расудување. Откако ќе се креира атмосера на соработка за најважните државни прашања, да се врати местото и улогата на парламентот како институција надлежна за дебати и носење на решенија, никако во други сурогат форми на преговарања. Парламентот има механизми како да ги акцептира мислењата на стручната и научната јавност како и на цивилниот сектор. Насушна е потребата од усвојување на национални стратегии во сите главни области, да се утврдат главните правци околу кои можат да се движат различните идеологии ( ако доволно ги знаеме и практикуваме идеологиите ???). Примерот со најважната област образованието јасно и недвосмислено говори за нашето „лутање“. До сега секоја нова влада креираше нови концепти од почеток, резултатот е поразителен. Исто така честото и радикално менување на законите институциите и компаниите не можат да го следат, камоли вистински да го имплементираат. Квалитетна имплементација на развојните стратегии меѓу другото ќе биде можна и со намалување на партизираното и клиентелистичко однесувње и отворање на простор на знаењето и посветеноста.

Крајно време е да се даде шанса на слободата која е предуслов за креативноста, општество без креативност е осудено на пропаст. Располагаме со човечки потенцијал тука и надвор од државата кој треба да се стави во функција. Новите планови да бидат реални и издржани со тоа и очекувањата ќе бидат пореални, а посветеноста на реформите да биде многу поголема од потребното затоа што изгубивме многу драгоцено време. Времето на „големите“ лидери заврши со распадот на големата држава. Да не најавуваме револуции, а се да сведе на корупција, криминал, партизација и сл. Да одиме со промислени чекори и дефиниран правец, секоја наредна политичка промена треба да влијае само на негова посилна динамика.

 

Емил Димитриев
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
June 1, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

ВЕСТИ June 1, 2026

Преговарачкиот тим на Иран ја суспендира размената на пораки со САД преку посредници поради израелските…

Дуња Иванова обезбеди виза за директен настап на светското првенство во МТБ маратон

June 1, 2026

Израелската војска го зазеде стратешкиот замок Бофор во Либан

May 31, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

May 28, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.