Published: Thursday, September 24, 2015 12:11
Војската на Сирија под раководство на сиријскиот претседател Башар ал Асад за прв пат употребила руски дронови против џихадистите, јавуваат дел од светските агенции.
Дроновите биле употребени против екстремистите на северниот и источниот дел на земјата. Вашингтон од друга страна изрази загрженост за воената поддршка на Русија во Сирија.
Американските претставници наведуваат дека Русија во изминатите неколку недели испратила и воени бродови и оклопни возила во Сирија.
Русијата, таквите тврдења ги правда дека се ангажирала во борбата против џихадистите на ИСИС.




