„Деведесет и шест часа отпор. Четири дена победа, храброст, посветеност и верба“, напиша украинскиот министер за одбрана, Олексиј Резников пред малку на Фејсбук.
Тој истакна дека „постои силно верување дека непријателот кој убива жени, деца и уништува мирни градови ќе биде казнет и дека оваа казна е неопходна“.
Се осврна и на Европа.
Војната стана европска. Европа, конечно, го сфати тоа. Пола Европа веќе собира, пакува, носи оружје и опрема. Кругот на земји кои обезбедуваат вистинска помош значително се зголеми. Размерот, исто така, се зголеми. Европа веќе обезбеди привремено засолниште за десетици илјади за оние кои најмногу сакаме да ги заштитиме – нашите малечки и нивните мајки. Без никакви формалности. Како свои. Сега навистина немаме граница на запад. Но поддршка има и на југ и на далечниот исток и пошироко Атлантикот, напиша Резников.




