Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Резолуција на ЕП: ЕУ да ја поправи стратегиската грешка и да почне преговори со Скопје и Тирана

0
By Нова ТВ on October 24, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 24, 2019 14:55

Европскиот парламент попладнево со 412 гласови „за“, 136 „против“ и 30 „воздржани“ ја усвои Резолуцијата во која се бара ЕУ да почне пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија, а минатонеделната одлука на европските лидери да го одложат тоа се оценува како стратегиска грешка.

ЕП во Резолуцијата изразува длабоко разочарување поради неможноста Советот на ЕУ на состанокот одржан на 17 и 18 октомври да постигне согласност за одредување датум за старт на преговорите со Скопје и Тирана. Се изразува жалење што Франција, Данска и Холандија ја блокирале одлуката за отворање преговори. Европратениците ги нагласуваат значителните напори што ги направија двете земји во изминатите години и исполнувањето на критериумите што беа барани од нив за старт на преговорите.

На Северна Македонија и се изразува признание за решавањето на, како што се наведува, тешките билатерални прашања со соседите, а на Албанија за спроведените судски реформи.

Неносењето одлука за преговори од страна на лидерите на ЕУ е стратегиска грешка која го нарушува кредибилитетот на Унијата и испраќа негативна порака до земјите кандидати. Тоа исто така отвора можност други странски фактори чии активности можеби не се во линија со вредностите и интересите на ЕУ да се ангажираат поактивно и да го наметнат своето влијание во Албанија и Северна Македонија, се вели во текстот на Резолуцијата.

ЕП истакнува дека реформите на процесот на проширување што ги бараат некои земји од ЕУ не треба да ги попречува Албанија и Северна Македонија кои веќе ги исполнија условите што беа побарани од нив. На процесот не треба да влијаат ниту внатрешно-политичките прашања во земјите членки.

Европарламентарците бараат од земјите членки на ЕУ да се однесуваат одговорно кон Северна Македонија и Албанија и да донесат едногласна позитивна одлука на следниот состанок. Европскиот парламент од својата страна, пак, ќе ја засили поддршката на националните парламенти во земјите од Западен Балкан за спроведувањето на демократските реформи, се вели во Резолуцијата што со големо мнозинство денеска ја усвоија европратениците.

Пред почетокот на заседанието, група пратеници од различни пратенички групи во Европскиот Парламент преку фотографија на која држат знамиња на Северна Македонија и Албанија, ја искажаа својата поддршка за земјите да добијат датум за почеток на преговорите со ЕУ.

Европската народна партија пак на Твитер порача дека одлуката да се блокира почетокот на преговорите на ЕУ со Северна Македонија и со Албанија е стратешка грешка, а одговорноста во отфрлањето и влијанието што ваквата одлука го има врз нарушувањето на кредибилитетот на ЕУ ја има францускиот претседател Емануел Макрон.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.