Published: Tuesday, February 22, 2022 18:20
Горниот дом на рускиот парламент одобри употреба на воена сила во странство, отворајќи го патот за потенцијален влез на војска во Украина, јави агенцијата ДПА.
Резолуција, која повикува на „употреба на вооружени сили надвор од Русија“, беше едногласно поддржана од 153-те членови на Советот на Федерацијата.
„Силината на армиските единици, областите на распоредување, задачите и времетраењето на нивниот престој надвор од Русија ги одредува рускиот претседател во согласност со рускиот Устав“, се вели во Резолуцијата, пренесе новинската агенција ТАСС.




