Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рим: Конференција за закрепнување на Украина – ветена помош од над 10 милијарди евра

0
By Zoran Ivanov on July 10, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Учесниците на конференцијата за економско закрепнување на Украина, што се одржува во Рим, ветија повеќе од 10 милијарди евра за помош на земјата разорена од војна, изјави денес италијанската премиерка Џорџа Мелони.

Верувам дека треба да бидеме горди на резултатот што го постигнавме денес заедно – нациите, меѓународните организации, финансиските институции, локалните власти, деловниот сектор и граѓанското општество, рече Мелони во својот говор на отворањето на конференцијата.

Заедно, на денешната конференција, презедовме обврски во вкупен износ од над 10 милијарди евра , рече италијанската премиерка.

Соединетите Американски Држави за прв пат ќе учествуваат на состанок на „коалицијата на волните“, најави италијанската премиерка Џорџа Мелони.

Во исто време, според Ројтерс, Мелони нагласи дека притисокот врз Русија мора да продолжи, преку санкции, за да се постигне мир.

Патот за нас е јасен: да продолжиме да ја поддржуваме Украина, а во исто време да го одржуваме или зголемуваме притисокот врз Русија, главно преку санкции, рече таа, разговарајќи со новинарите заедно со украинскиот претседател Володимир Зеленски по почетокот на конференцијата во Рим за закрепнувањето на Украина.

Се забележува дека „Коалицијата на волните“ е иницијатива на европските земји кои се стремат да ја зајакнат поддршката за Украина и во неа се вклучени: Франција, Велика Британија, Полска и балтичките земји.

Конференцијата за закрепнување на Украина се одржува оваа година во Рим, со фокус на зајакнување на Киев и пошироките напори за повоена обнова. Над 3.500 учесници – вклучувајќи шефови на држави, влади, меѓународни организации и бизниси – се собираат во Вечниот град, зајакнувајќи го дијалогот преку тркалезни маси и билатерални контакти.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно пристигна во Рим на средба со папата и со италијанскиот претседател, додека германскиот канцелар Фридрих Мерц, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, полскиот премиер Доналд Туск и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис се меѓу присутните лидери.

Од друга страна, има значајни „отсуства“ на овогодинешниот настан.

Доналд Трамп не присуствува лично и него го претставува неговиот специјален претставник, Кит Келог  додека турскиот претседател Ердоган исто така е отсутен и покрај „личната покана“ од Џорџија Мелони.

Францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер учествуваат преку видеоконференција од Лондон.

 

Мелони помош Рим Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.