Published: Monday, November 26, 2018 21:10
Американската вселенска агенција НАСА успешно слета робот на површината на планетата Марс.
Роботот треба длабински да ја истражи внатрешноста на Марс, со што тој ќе стане втората планета по Земјата која била истражена на овој начин.
Слетувањето на роботот се случи пред помалку од половина час, а контролорите на мисијата во Калифорнија беа пресреќни кога тој ја допре површината на Марс.
Роботот наречен ИнСајт слета близу до екваторот на Марс.
Инженерите сега очекуваат слика од околината на роботот.
На видеото можете да го следите процесот во живо.




