Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рочиште за „Пулс“ – обезбедувањето морало да реагира за малолетници и ризици

0
By Zoran Ivanov on March 17, 2026 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 17, 2026 13:16

На денешното рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ сведочеше Верица Милевска-Стефановска, претседател на Комората на Република Македонија за приватно обезбедување, која детално ги образложи законските обврски и стандарди во оваа дејност.

Таа посочи дека Министерството за внатрешни работи издава дозволи за вршење дејност врз основа на строго утврдени критериуми, по што компаниите имаат рок од шест месеци да започнат со работа. Дополнително, по вработувањето на лицата, во рок од 30 дена мора да се поднесат легитимации за обезбедување.

Лиценцата е еден од условите за да може да работи лице во обезбедување, што значи дека е обучено, но јавните овластувања ги врши со легитимација, истакна сведокот.

Милевска-Стефановска нагласи дека законскиот минимум за физичко обезбедување изнесува 15 лиценцирани работници, за техничко обезбедување три, а за обезбедување за сопствени потреби најмалку десет. Таа додаде дека оваа дејност е дефинирана како дејност од јавен интерес.

Во однос на договорите, таа посочи дека законската одредба е јасна – доколку договорот не е склучен во писмена форма, се смета за ништовен.

Сведокот појасни дека кога се ангажирани пет или повеќе работници, компанијата што дава услуга е должна да изработи план за обезбедување и да го достави до надлежната полициска станица на чија територија се одржува настанот.

На прашањето за присуство на малолетници во угостителски објекти по полноќ, Милевска-Стефановска истакна дека обезбедувањето има обврска да реагира.

Во вакви објекти мора да се почитуваат и други закони, со јасно истакнати известувања дека не е дозволено присуство на малолетници. Обезбедувањето морало да реагира или најмалку да го извести сопственикот, изјави таа.

Во однос на употребата на пиротехника, сведокот потврди дека таа претставува безбедносен ризик, по што судот не дозволи дополнително прашање дали лицата што ја користат треба да имаат посебна едукација. објави Скопје1.мк

пулс судење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
shortcut
ФОКУС
June 2, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

ВЕСТИ June 2, 2026

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се…

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026

Дуња Иванова обезбеди виза за директен настап на светското првенство во МТБ маратон

June 1, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.