Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Родители пред средно медицинско: Дајте уште една паралелка да нема тестови

0
By Нова ТВ on June 22, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: radiomof.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 22, 2020 12:30

Ученци и нивни родители претпладнево протестираа пред влезот на средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов““ во Скопје оти не сакаат квалификациско тестирање од кое ќе зависи кои ученици ќе бидат примени во прва година во учебната 2020/21 за насоката медицинска сестра на албански наставен јазик.

Во Конкурсот на МОН за оваа насока за настава на албански јазик се предвидени 102 ученика во три паралелки, а со ист број максимални 75 бодови се пријавени 166 ученици. Тие денеска требаше да имаат тестови по предметите биологија и хемија и од успехот и резултатите да се одреди кои ученици ќе бидат примени во училиштето. Учениците и родителите со извици протестираа во училишниот двор, барајќи да се отвори уште една паралелка за да нема елиминациски тест.

Директорката на училиштето Маја Салиу е недостапна за изјава за да информира дали ќе има средба со родители или дали од МОН има насоки како да се постапи. Во медицинското „Д-р Панче Караѓозов“ и во минатите години имаше поголем број пријавени со успех 5.00 во основно, а и протести од родители кои не се согласуваат со дополнителни тестови.

Покрај во медицинското во Скопје, квалификациско тестирање денеска треба да има во уште две средни училишта за истата насока – медицинска сестра, но за настава на македонски јазик – во СОУ „Димитар Влахов“ во Струмица, каде што за слободни 34 места односно една паралелка се пријавени 39 ученици, и во СОУ „Ѓорче Петров“ во Прилеп, каде што за 34 места односно една паралелка конкурирале 44 ученици со максимални (75) бодови.

Квалификациски тест протест родители Средно медицинско училиште упис ученици
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.