Published: Monday, January 1, 2018 18:27
Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави денеска дека би било грешка доколку на протестите во земјата се гледа како на странски заговор.
– Проблемите на луѓето не се економски, тие сакаат повеќе слобода, изјави Рохани на вонредна средба за безбедноста, индиректно критикувајќи ги претставниците на режимот кои се спротивставуваат на неговите обиди да спроведе политички и културни реформи.
Од минатиот четврток илјадници Иранци протестираат против невработеноста и блискоисточната политика на Техеран и покрај предупредувањата на безбедносните сили.
Претходно, иранската државна телевизија јави дека 12 лица се убиени за време на протестите низ целата земја.




