Во големиот број светски лидери кои изразуваат жалење за смртта на Фидел Кастро, се приклучи и иранскиот претседател Хасан Рохани, кој во писмо до братот на Фидел, Раул Кастро, вели „смртта на неуморниот работник на Кубанската револуција нанела болка и тага и во Иран“.
– Додека угнетените земји во светот патат поради кршење на основните човекови права како мирот, слободата, правдата, за среќа постојат слободни луѓе и борци кои не се откажуваат, се вели во писмото на Рохани кон Кастро, кои се сретнаа во септември.
Претседателот Фидел Кастро изгради комунистичка земја во непосредна близина на САД во втората половина на 20.век, и затоа важи за еден од најголемите политички лидери. Почина на 91 година.