Лидерите на западните земји се согласиле да ги продолжат санкциите спрема Русија до јули следната година, воведени поради нејзината улога во конфликтот во источна Украина.
Ова го објави агенцијата Ројтерс повикувајќи с ена изјава на неименуван висок европски дипломат, кој потврдил дека одлуката е донесена на маргините на самитот Г20 во Турција, на краток состанок на американскиот претседател Барак Обама, германската канцеларка Ангела Меркел, британскиот премиер Дејвид Камерон, италијанскиот премиер Матео Ренци и шефот на француската дипломатија Лорен Фабиус.
Иако западните лидери инсистираат на што поголема соработка со рускиот претседател Владимир Путин во борбата против Исламската држава, особено по натадит во Париз, истиот дипломат вели дека, тие смеаат оти и натаму е важно да се применува притисок врз Русија пред планираните избори на истокот на Украина.
Санкциите се воведени од јануари годинава, пред истекот на рокот определен за примена на договорот од Минск, чија цел е ставање крај на судирите меѓу украинските и проруските сили во овој дел на Украина.




