Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ролан Гарос почна со изненадување: Руската тинејџерка Потапова ѝ пресуди на Кербер

0
By Нова ТВ on May 26, 2019 СПОРТ
Фото: rolandgarros.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Прв натпреварувачки ден на Ролан Гарос и прво големо изненадување. Се случи на женскиот дел од турнирот што се игра за награден фонд од 42,66 милиони евра. Го приреди руската тинејџерка Анастасија Потапова, 81 на ВТА листата, која во воведниот настап ја елиминира трикратната гренслем шампионка и петта светска тенисерка, Анџелик Кербер со 6:4, 6:2.

„Овој терен има извонредна атмосфера. Благодарност до публиката за поддршката и на мојот тренер, секако. Навистина се чувствував посебно, цело време верував во себе и се мина по планот“, изјави 18 годишната Потапова по првиот триумф во кариерата над ривалка од топ 10 до кој стигна по час и 13 минути игра.

Кербер, пак, која во 2016 година ги понесе титули од Австралија опен и од Ју-Ес опен, а во 2018 година и од Вимблдон, призна дека повредата на зглобот не е изговор за поразот. Поради незгодата ја пропушти, речиси, целата сезона на земјена подлога, го откажа учеството на Мастерсите во Мадрид и во Рима и во Париз долета со само три меча.

„На крајот на краиштата, и не очекував многу од турнирот иако имав добро чувство пред почетокот. Имав можност да тренирам добро во изминатите денови, но тоа не беше долга подготовка за сезоната на земја. Едноставно бев среќна што вооопшто ќе играм меѓутоа, секако, ова не беше по планот“, рече Кербер која има два пласмана во четврт-финале на Ролан Гарос.

Потапова во второто коло ќе игра против Маркета Вондрусова од Чешка која во два сета (6:4, 6:3) славеше против Кинеската Јафан Ванг.

Анастасија Потапова Анџелик Кербер Ролан Гарос тенис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.