Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Романија не е подготвена да ја води ЕУ, реформите во погрешна насока

0
By Светлана Јовановска on November 19, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 19, 2018 15:15

На 1 јануари 2019 година Романија седнува во претседателската фотелја на Европската унија (ЕУ). Според распоредот на ЕУ, оваа земја треба да го преземе претседателството на ЕУ за нешто повеќе од еден месец. Но, политичката криза што ја тресе оваа земја ја натера Финска, како што тврди Политико.еу, да се пријави како земја што може да ја замени Романија на чело на ЕУ од 1 јануари до 30 јуни 2019 година. Финска, според ЕУ агендата, треба да следи по Романија.

Овој потег на Финска не беше виден со симпатии во Букурешт па во Брисел почнаа напорите, и оставките, на романските дипломатски и политички претставници да го подобрат имиџот на земјата во ЕУ.

Романија не е често во вестите што доаѓаат од Брисел, но ЕУ е сериозно загрижена за владеењето на правото во оваа балканска земја. Европскиот пратеници неодамна изгласаа резолуција со остра критика на судската реформа во Романија.

Пролетните протести во Романија против владата

Реформата ја започна социјал-демократската влада која дојде на власт во 2016 година. За ЕУ, донесените закони ја нарушуваат независноста на судството, не дозволуваат да се води ефикасна борба против корупцијата а станува проблематична слободата на медиумите.

Од својот влез во ЕУ во 2007 година, Романија, заедно со Бугарија, е предмет на тесно набљудување на судските и правни реформи од страна на Европската комисија. Секоја година Брисел изработува извештај во кој се дава оценка на овие реформи. До неодамна, Букурешт беше “добриот ученик” во овој клас. Популарната обвинителка Лаура Ковеши повеќе не е на чело на Специјалното јавно обвинителство (ДНА), тело кое успешно се бореше против распространетата корупција во Романија. Министерот за правда Тудорел Тоадер упорно сакаше да ја тргне Ковеши од оваа функција и по повеќе месеци, овој потфат му успеа во јули годинава.

Кес-специјалната обвинителка Лаура Ковеши

Така, новиот извештај на ЕК, исто како и резолуцијата на европските пратеници, се строги кон Романија и нејзината, според Брисел, очигледна желба да не оди по вистинскиот реформски пат. Според многумина, желба на новата власт е да се ослободат од затвор и обвинување редица високи функционери и бизнисмени од редовите на социјал-демократите или блиски до нив. Лица кои беа под лупата на Ковеши.

Франс Тимерманс, потпретседателот на ЕК, изјави дека жали што Романија не само што не напредува во реформите, туку се враќа назад во однос на повеќе прашања во кои имаше напредок.

«Романија мора брзо да се врати на вистинскиот пат во борбата против корупцијата и да гарантира независност на судството», рече тој пред неколку дена додавајќи негативниот извештај на ЕК е направен во желба да и се помогне на Романија а не за да ја казни.

Извештајот на ЕК инсистира исто така и врз слободата на слободни и плурални медиуми.

«Романија трчаше маратон (во реформите) и трагично би било маратонецот да тргне во спротивна насока во последните метри пред целта», рече Тимерманс.

Ова се разбира е загрижувачка слика на Романија на само еден месец од преземањето на раководната палка на ЕУ.

Во желба да ги смири стравувањата на Брисел, пред една недела Букурешт назначи нов министер за европски прашања. Портфељот му беше доделен на Георге Циамба, 52годишен дипломат од кариера. Тој дојде на местото на младиот 33годишен Виктор Негреску кој даде отказ. Според романските медиуми, Негреску морал да даде оставка бидејќи владата му замерила дека не направил доволно за да ги смири острите критики на Брисел на испраќани на романска адреса.

Романскиот претседател Клаус Јоханис

Оваа смена додаде нови стравувања во Брисел околу подготвеноста на Букурешт да ја води ЕУ во првите шест месеци од 2019 година. Тоа дури јасно го кажа и претседателот на држава Клаус Јоханис кој не е во конфликтни односи со владата:

«Ние не сме подготвени. Работите тргнаа во погрешна насока», изјави тој.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.